АФРИКАНСКИ БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – Температурите и над 40°C

Македонија ја очекува нов топлотен бран со температури кои во текот на неделата ќе се движат меѓу 32 и 39 степени Целзиусови, а на одделни места ќе го надминат и прагот од 40°C. Најжешко ќе биде во централните и југоисточните делови на земјата, како и во Скопје, каде што се предвидува температура до 37°C.
Иако ќе дува засилен северен и североисточен ветер, тој само повремено ќе го раздвижува жешкиот воздух и нема значително да ја ублажи горештината. Метеоролозите предупредуваат дека, иако овој бран нема да биде толку екстремен како претходниот со рекордни температури, граѓаните треба да бидат внимателни. Препорачливо е да се избегнува директно изложување на сонце меѓу 11 и 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се внесува доволно течности за превенција од топлотен удар.
Во следниот период врнежи не се очекуваат, што ќе ја засили сушата и ќе создаде дополнителни проблеми за земјоделците. Според прогнозите, најекстремните жештини ќе бидат во втората половина од неделата, кога на повеќе локации ќе владее вистински африкански пекол.


