АЕРОДРОМ СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ ОХРИД – Конечно по 60 години впишан во катастар
имови од Министерството, АД „Аеродроми“, ТАВ, Катастарот и Правобранителството работеле на решавање на имотно-правниот статус

Државата на последниот ден од 2025 година стави крај на долгогодишен правен апсурд. Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој работи уште од 70-тите години на минатиот век, конечно е впишан во катастар и доби имотен лист.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ја сподели информацијата, оценувајќи го досегашниот статус на аеродромот како пример за негрижа кон државниот капитал.
„По повеќе од 60 години, конечно е завршен процесот на легализирање на аеродромот. Иако ваква постапка по правило не би била вест, поради долгогодишното запоставување, јавноста заслужува да биде информирана“, истакна Николоски.
Процесот на легализација, кој траеше изминатата година, вклучи тимови од Министерството, АД „Аеродроми“, ТАВ, Катастарот и Правобранителството, кои интензивно работеле на решавање на имотно-правниот статус.
