AERO STREET FOOD FESTIVAL ВЛЕГУВА ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ Забавата ќе трае уште вечерва и утре (фото)
Финалето секогаш се игра во Аеродром!

Повеќе од 15.000 посетители беа дел од првите три вечери на AERO Street Food Festival, кој од 4 септември се одржува во паркот „Авионче. Големата посетеност, богатата гастрономска понуда и разновидната музичка програма уште еднаш го потврдија Аеродром како препознатливо место за современи урбани настани и дружење на сите генерации.
Фестивалот започна на 4 септември со настапот на DJ Milan Serafimov, по што на сцената се претставија The Ringtones. Првата фестивалска вечер ја заокружи DJ Aleksandar Jordanov, кој со својот сет ја задржа разиграната публика до самиот крај на програмата.
Во саботата, на 5 септември, паркот „Авионче” беше исполнет со посетители од сите делови на Скопје, но и од други градови во Македонија. Особено голем интерес предизвика понудата на 20-те гастрономски брендови, пред чии штандови постојано се чекаше за различните специјалитети од домашната и светската кујна.
Во неделата, на 6 септември, бендот Dopamine приреди енергичен настап и целосно ја освои публиката. Забавата продолжи со DJ Rizinski, кој со ретро музика на познати макеоднски и светски хитови го претвори фестивалскиот простор во голема журка на отворено.
AERO Street Food Festival продолжува денес и утре со последните две вечери од годинашното издание. Вечерва, на 7 септември, публиката ќе ја забавуваат диџеите од Fluere и бендот South Park. Големото финале на 8 септември ќе започне со DJ Ficho и DJ Guardian, по што Acoustic Division ќе приреди специјална музичка програма, а фестивалот ќе го затворат Sure Shotz.
Орагнизаторите ги поканува граѓаните да бидат дел од последните две фестивалски вечери и да уживаат во разновидната храна, домашната музика и урбаната атмосфера во паркот „Авионче”, а организаторите најавија и специјални промоции по повод 35 години независностна Македонија.
Фестивалскиот простор се отвора во 17:30 часот, музичката програма започнува во 19:30 часот, а влезот е бесплатен.
Финалето секогаш се игра во Аеродром!


