АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП ВОВЕДУВА ТАКСА ОД 100.000 ДОЛАРИ ЗА Н-1В ВИЗИ – Закана за технолошкиот сектор
Мерката, која е дел од пошироката антиимиграциска агенда, може сериозно да го погоди технолошкиот сектор што се потпира на стручни кадри од Индија и Кина.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека компаниите ќе мора да плаќаат по 100.000 долари годишно за секоја привремена работна виза H-1B. Мерката, која е дел од пошироката антиимиграциска агенда, може сериозно да го погоди технолошкиот сектор што се потпира на стручни кадри од Индија и Кина.
Откако се врати во Белата куќа во јануари, Трамп воведе повеќе ограничувања во легалната имиграција. Реформата на H-1B програмата се смета за најзначаен обид за промена на системот за привремени работни визи.
„Ако ќе обучувате некого, тоа нека биде некој што дипломирал на американски универзитет. Обучувајте Американци, а не странци кои ги преземаат нашите работни места“, изјави министерот за трговија Хауард Лутник.
Податоците покажуваат дека бројот на странски STEM работници во САД се зголемил повеќе од двојно од 2000 до 2019 година, достигнувајќи речиси 2,5 милиони, додека вкупната STEM вработеност пораснала за 44,5 проценти.


