МИЦКОСКИ ДО РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ Јавно ви ја давам мојата поддршка

Тие го информираа за проблемите со кои се соочуваат и се пожалија на притисоци и нечесно однесување од институциите.

МИЦКОСКИ ДО РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ Јавно ви ја давам мојата поддршка
Фото: Принтскрин

Родителите на дел од жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски за време на неговата посета на Кочани, каде што запали свеќи на градските гробишта. Тие го информираа за проблемите со кои се соочуваат и се пожалија на притисоци и нечесно однесување од институциите.

„Штом нешто ќе објавиме како родители, веднаш следуваат клевети, навреди, што ни предизвикува дополнителен стрес“, изјави мајка на едно од загинатите деца.

Мицкоски одговори:

„Ова е слободна држава. Сè што мислите дека треба да кажете или објавите, од мене ја имате целосната поддршка.“

На тоа мајката реплицираше: „Можеби од вас имаме поддршка, но на последниот Марш луѓе од Штип и Виница беа сопрени кај ‘Национал’, претресувани и легитимирани. Тие не се убијци, ниту атентатори…“

„Секој кој сака да ви даде поддршка, ја има и мојата поддршка. Јавно велам – никој нема право да ве претресува или легитимира надвор од законот“, порача Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This