ВЕЛЕС ГО ОТВОРА 22. МЕЃУНАРОДЕН САЛОН ЗА СТРИП – Изложби, награди и стрип-колонија
На свеченото отворање во ЕВРОПСКАТА КУЌА ќе бидат доделени награди и признанија за најдобрите дела од меѓународниот конкурс, на кој годинава се пријавија рекордни 396 автори од целиот свет, меѓу нив 164 од Македонија.

На 20 август во Велес започнува 22. издание на Меѓународниот салон за стрип – најголемата стрип-манифестација во земјава.
На свеченото отворање во ЕВРОПСКАТА КУЌА ќе бидат доделени награди и признанија за најдобрите дела од меѓународниот конкурс, на кој годинава се пријавија рекордни 396 автори од целиот свет, меѓу нив 164 од Македонија.
Ќе биде отворена и изложба со избрани дела, како и специјална презентација посветена на 15 години од серијалот „Вековници“, со промотер Марко Стојановиќ од Србија.
Настанот продолжува со 7. стрип-колонија во Нежилово (21–24 август), на која автори од Македонија, Србија и Бугарија ќе творат заеднички стрипови.
Поддржувачи на манифестацијата се Министерството за култура и туризам, Општина Велес, ЕВРОПСКАТА КУЌА и стрип-заедницата.


