ВО ШТИП УАПСЕНИ ТРИ ЛИЦА – При претрес полицијата пронашла автоматски пушки и муниција
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави

Вчера во Штип полицијата ги уапси Е.Д.(21), Н.Р.(38) и В.М.(26), кај кои биле пронајдени три автоматски пушки калибар 7,62 мм и повеќе рамки со муниција.
Оружјето било откриено при претрес во домот на Е.Д., со согласност на сопственикот. Лицата се задржани во полициска станица, а по целосна истрага и во координација со јавен обвинител ќе им бидат поднесени пријави, информира МВР.
CATEGORIES Македонија


