ТУРЦИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ КАМЕРИ ВО СИТЕ ВОЗИЛА – Роковите ќе бидат според годината на производство
За ученичките автобуси, кои веќе имаат обврска за камери, поставувањето на дополнителна опрема е одложено до крајот на 2027 година.

Од 2026 година, во Турција ќе биде задолжително сите регистрирани возила да бидат опремени со внатрешни и надворешни видео камери, уреди за мониторинг и паник-копче, јавува ТРТ Хабер.
Мерката ќе се спроведува постепено, според годината на производство на возилата. За возилата изработени од 2023 до 2025 година и сите новорегистрирани по 31 декември 2025 година, опремата ќе мора да се монтира при првиот технички преглед по 1 јануари 2026. За оние произведени меѓу 2018 и 2022 година рокот е 2027, додека кај постарите возила (2017 и порано) мерката ќе важи од 2028 година.
За ученичките автобуси, кои веќе имаат обврска за камери, поставувањето на дополнителна опрема е одложено до крајот на 2027 година.
CATEGORIES Бизнис


