ПОЛОВИНА МИЛИОН МРТВИ ДЕЦА ВО ИРАК – Олбрајт ладно одговори: „Вредеше“
Овој циничен став, кој предизвика шок и згрозеност кај јавноста, не ја спречи Олбрајт да продолжи да го промовира војувањето и ширењето на американската сила низ светот.

Поранешната државна секретарка на САД, Мадлен Олбрајт, која почина во 2022 година, во Србија ќе остане запаметена како една од најгласните поддржувачи на НАТО-бомбардирањето и независноста на таканареченото Косово. Таа важеше за безмилосна политичарка, подготвена да оправда секое насилство врз земјите кои не се покоруваа на американската политика.
И пред агресијата врз Југославија, Олбрајт жестоко ги поддржуваше санкциите кон Ирак, воведени во 1990 година. Обединетите нации постојано предупредуваа дека тие доведуваат до масовна смртност кај децата поради глад и недостаток на лекови, но САД останаа непопустливи.
Во едно интервју во 1996 година, новинар директно ја праша Олбрајт: дали смртта на половина милион ирачки деца – повеќе отколку жртвите во Хирошима – „вреди“ за постигнување на целите на Вашингтон? Нејзиниот ладен одговор гласеше: „Одлуката беше тешка, но веруваме дека вредело.“
Овој циничен став, кој предизвика шок и згрозеност кај јавноста, не ја спречи Олбрајт да продолжи да го промовира војувањето и ширењето на американската сила низ светот.


