ТАЈВАН Е ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ – Кина реагираше на изјавата на Трамп
Реакцијата следи по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Фокс њуз“ рече дека кинескиот лидер Си Џинпинг го уверил дека нема да ја нападне островската територија додека Трамп е на власт.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска порача дека Тајван е „неразделен дел од кинеската територија“ и дека неговото решавање е исклучиво внатрешно прашање на Кина.
Реакцијата следи по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Фокс њуз“ рече дека кинескиот лидер Си Џинпинг го уверил дека нема да ја нападне островската територија додека Трамп е на власт.
„Ќе направиме сè за мирно обединување, но никогаш нема да дозволиме некоја сила да го оддели Тајван од Кина,“ изјави портпаролката Мао Нинг.
Од тајванското Министерство за надворешни работи порачаа дека внимателно ги следат односите меѓу САД и Кина и дека ќе продолжат да соработуваат со меѓународните партнери за стабилност во регионот.
САД и натаму остануваат клучен поддржувач и снабдувач на оружје за Тајван, и покрај тоа што двете земји немаат официјални дипломатски односи.

