ПАНИКА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ – Пријавата за бомба сепак е лажна

ПАНИКА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ – Пријавата за бомба сепак е лажна

Ноќеска во 02:41 часот на бројот за итни случаи 112 била добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од Меѓународниот аеродром Скопје кон Турција.

Министерството за внатрешни работи утрово соопшти дека се работи за лажна дојава.

– Веднаш по добиената пријава, беа преземени сите соодветни активности и извршени проверки од страна на антитерористичката единица при МВР. Констатирано е дека нема никаква експлозивна направа – информираат од МВР.

По завршувањето на безбедносните проверки, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.

CATEGORIES
Share This