ИЗМЕНА НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ПО БРЗА ПОСТАПКА – Независните ќе треба да собираат потписи за изборите

ИЗМЕНА НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ПО БРЗА ПОСТАПКА – Независните ќе треба да собираат потписи за изборите

За денес во 11:00 часот е закажана седница на Собранието со единствена точка на дневен ред – Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, чиј предлагачи се група пратеници.

Една од предложените измени се однесува на електронските медиуми. Со новата дефиниција во членот 2 се додава точка 26-а, со која како „електронски медиуми (интернет портали)“ ќе се третираат онлајн медиуми регистрирани во официјалниот регистар што го води надлежното регулаторно тело.

Дополнително, по членот 60 се додаваат два нови члена – 60-а и 60-б, со кои се утврдуваат условите за поднесување кандидатски листи од страна на независни групи избирачи.

Прагот за собирање потписи за независни листи со новата измена сега изнесува:

  • За парламентарни избори: Подносител на листа на кандидати за пратеници што е група избирачи треба да собере најмалку 0,95% потписи од запишаните избирачи во изборната единица.
  • За изборите во дијаспора: Потребни се 1.000 потписи од запишаните избирачи во изборните единици за гласање во странство, собрани во дипломатско-конзуларните претставништва.
  • За локални избори: Кога се поднесува кандидатска листа за советници или за градоначалник, независните избирачи треба да соберат 0,95% потписи од запишаните избирачи во општината или Градот Скопје.

Со ова решение се предлага независните кандидати да можат да се кандидираат со малку помалку потписи (0,95%) во споредба со претходната одредба за 1% од вкупниот број запишани избирачи, која беше укината од страна на Уставниот суд.

CATEGORIES
Share This