МЕНДУХ ТАЧИ – Преговорите со ДУИ пропаднаа
Тачи изрази жалење што разговорите со Ахмети не дале успех и нагласи дека понатамошните чекори ќе ги утврдат надлежните органи на партијата.

Фото: Принтскрин
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, соопшти дека преговорите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, завршиле без резултат.
Тој најави дека во недела ќе се одржи седница на партиското Собрание, на која ќе се донесат конечни заклучоци за идниот политички правец на ДПА.
Тачи изрази жалење што разговорите со Ахмети не дале успех и нагласи дека понатамошните чекори ќе ги утврдат надлежните органи на партијата.
CATEGORIES Македонија


