ОД РЕВИЗИЈА ДО ВРВОТ НА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА – Ристовска на нова функција

Ристовска, како и поранешната претседателка Татјана Димитровска, доаѓа од Државниот завод за ревизија.

ОД РЕВИЗИЈА ДО ВРВОТ НА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА – Ристовска на нова функција
Фото: ДКСК

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Цвета Ристовска, која го водеше предметот за директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски, едногласно е избрана за заменик-претседател на Комисијата. Таа функцијата ќе ја преземе на 21 август, по истекот на мандатот на актуелната заменичка Билјана Каракашева Шулев.

Ристовска, како и поранешната претседателка Татјана Димитровска, доаѓа од Државниот завод за ревизија. Нејзиното учество во постапката за Христовски предизвика јавни дилеми, бидејќи дел од случајот се однесуваше и на неговата диплома од Универзитетот за туризам и менаџмент „Скопје“, каде што таа повремено била ангажирана како гостин-предавач.

Просветниот инспекторат, преку инспекторката Соња Зашовска, утврди дека нема неправилности во дипломата на Христовски. Антикорупциската комисија во декември заклучи дека директорот на АНБ ги исполнува сите услови за функцијата, а Обвинителството ги отфрли анонимните пријави за фалсификување.

Во делот за неговиот ТОЕФЛ-сертификат, Обвинителството не успеа да обезбеди потврда од меѓународниот тестатор поради истекот на рокот за верификација, додека од Бугарија не беше добиен одговор за школата во која полагал.

CATEGORIES
TAGS
Share This