ПОРАСТ НА ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ – златото поскапе, а нафтата и пченицата поевтинија

Пазарите внимателно ја следат најавената средба меѓу Трамп и Путин, која би можела да влијае на дипломатските напори околу Украина.

ПОРАСТ НА ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ – златото поскапе, а нафтата и пченицата поевтинија

Европските берзански индекси утринава се во пораст: франкфуртскиот DAX +0,39% (24.461,04), лондонскиот FTSE 100 +0,22% (9.196,45), францускиот CAC 40 +0,43% (7.903,94), а московскиот MOEX +0,12% (2.981,10). На американските берзи, Дау Џонс падна за 0,02%, Насдак за 0,01%, додека S&P 500 порасна за 0,03%.

Цената на златото порасна на 3.342,63 $/унца, додека суровата нафта поевтини на 63.495 $, а Брент на 66.425 $. Пченицата падна на 5,0334 $/бушел. Европските фјучерси за гас за септември се тргуваа по 32,095 €/MWh.

Еврото на Форекс порасна за 0,23% на 1,16746 $ во однос на доларот. Пазарите внимателно ја следат најавената средба меѓу Трамп и Путин, која би можела да влијае на дипломатските напори околу Украина.

CATEGORIES
Share This