НАРОДНАТА БАНКА УСВОИ ЧЕТИРИ ОДЛУКИ – транспарентни информации, фер договори, ефикасно постапување по поплаки и строга контрола на банките и штедилниците

Со мерките, Народната банка очекува поголема заштита на правата на потрошувачите и подобра финансиска инклузија.

НАРОДНАТА БАНКА УСВОИ ЧЕТИРИ ОДЛУКИ – транспарентни информации, фер договори, ефикасно постапување по поплаки и строга контрола на банките и штедилниците

Советот на Народната банка усвои четири одлуки насочени кон зголемување на транспарентноста, фер практиките и ефикасното постапување по поплаките на граѓаните од банките и штедилниците.

Одлуките предвидуваат:

  • задолжителни јасни, точни и навремени информации за финансиските производи и услуги, особено пред склучување договори за кредити и депозити;
  • фер и транспарентен пристап со забрана за нефер, измамнички и агресивни практики;
  • систем за прием, евиденција и правично постапување по поплаки со рокови за одговор и назначување одговорно лице;
  • нови контролни механизми, вклучувајќи теренски, вонтеренски, хоризонтални и „таинствено купување“ по европски пример.

Со мерките, Народната банка очекува поголема заштита на правата на потрошувачите и подобра финансиска инклузија.

CATEGORIES
Share This