ЗАПОЧНУВА КАМПАЊА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА УЧИЛИШНИОТ ПРИБОР – мерката важи до 15 септември

Од денеска започнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти, која ќе трае од 15 август до 15 септември.

ЗАПОЧНУВА КАМПАЊА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА УЧИЛИШНИОТ ПРИБОР – мерката важи до 15 септември

Од денеска започнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти, која ќе трае од 15 август до 15 септември. Одлуката е донесена на последната владина седница, со цел да се спречи зголемувањето на цените пред почетокот на новата учебна година и да се олесни товарот врз семејните буџети.

Според соопштението од владината прес-служба, трговците на големо ќе треба да ги намалат цените на училишниот материјал за најмалку 10 проценти, а трговците на мало – за најмалку 15 проценти. Мерката опфаќа широк спектар на производи, меѓу кои: ранци, ташни, тетратки, блокови, моливи, пенкала, бои, пластелин, фломастери, линијари, острилки, лепила, дидактички материјали, дигитрони и други артикли неопходни за учениците.

Покрај намалената цена, трговците се обврзани да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2025 година, како референтна за пресметка на попустот. На влезот во секоја продавница ќе треба да биде поставен плакат со формат најмалку А3, со натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ и „Попуст на училишен прибор – најмалку 15%“.

Владата апелира до трговците да не се обидуваат да ја заобиколат одлуката, бидејќи Државната пазарна инспекција ќе врши контроли на терен, а за непочитување на мерката ќе следуваат санкции.

„Со оваа кампања не само што цените на училишниот прибор значително ќе се намалат, туку и според одредени анализи, трошоците на илјадници семејства со ученици би можеле да се преполоват“, порачуваат од Владата.

CATEGORIES
Share This