ЖЕШКОТО ЛЕТО ПРОДОЛЖУВА – Температури до 39 степени за викендот

ЖЕШКОТО ЛЕТО ПРОДОЛЖУВА – Температури до 39 степени за викендот

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), жителите на Македонија и во наредните денови ќе ги очекуваат високи температури и сончево време, со повремена локална нестабилност во планинските региони.

Времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападните планински предели постојат услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, а максималните температури ќе се движат од 28 до 38°C.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен североисточен ветер, со максимална температура до 37°C.

Во петок за очекување е сончево и топло време со умерена облачност. Ќе продолжи да дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе бидат слични на денешните.

Во сабота и недела ќе преовладува сончево и жешко време, со температури кои во некои региони ќе достигнат и до 39°C. Попладне, особено во планинските подрачја, ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

CATEGORIES
Share This