ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ПОД ЛУПА НА УЈП – 318 известувања за ДДВ корекција
УЈП останува посветена на транспарентна комуникација, професионална поддршка и партнерски однос со обврзниците, со цел унапредување на даночната култура и економската стабилност.

Управата за јавни приходи (УЈП) започна со интензивни активности во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“, усвоен во јануари 2025 година. Секторот е оценет како високоризичен поради зголемената побарувачка за недвижности, зачестеното плаќање во готово и забележаните слабости во даночната дисциплина.
Организирани се едукативни настани и консултации со Стопанските комори за правилна примена на даночните прописи.
Доставени се 318 персонализирани известувања до компании за корекција на влезниот ДДВ при продажба на станови по истекот на пет години од изградбата.
Потсетување: првиот промет на станови во рок од пет години се оданочува со повластена ДДВ стапка од 5%, а потоа е ослободен од ДДВ, но со обврска за корекција на одбивката.
УЈП врши даночни контроли за утврдување на:
-
Продажба на објекти по истекот на пет години.
-
Договори со нереално ниска продажна цена.
-
Непријавени работници и ангажмани.
-
Несогласување меѓу реален обем на градба и пријавени приходи.
-
Издавање фактури без прибелешки во јавните книги.
-
Неправилна примена на „reverse charge“ механизмот.
Целта е откривање и санкционирање на неправилности, заштита на буџетските приходи и обезбедување фер пазарни услови. УЈП апелира компаниите и инвеститорите да ги усогласат финансиските и даночните практики, со што ќе придонесат за фер конкуренција, заштита на буџетот, подобра репутација и предвидливо работење.
Даночните обврзници можат да добијат поддршка преку:
-
Е-пошта: info@ujp.gov.mk
-
Телефон: 02 3253 200
-
Лично во контакт-центарот и сите организациони единици низ државата.
УЈП останува посветена на транспарентна комуникација, професионална поддршка и партнерски однос со обврзниците, со цел унапредување на даночната култура и економската стабилност.


