ПО ОСТАВКАТА НА ДИМИТРОВСКА – Изборот на наследник по изборите
Претседателот на собраниската комисија, Ѓорѓија Сајкоски, потврди дека нема да има автентично толкување на Изборниот законик и дека изборот ќе се одложи.

По оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, Комисијата за прашања на изборите и именувањата формираше комисија за селекција на кандидати за нејзин наследник. Сепак, одлучено е овој процес да биде ставен во мирување и да продолжи по локалните избори на 3 ноември.
ДКСК претходно соопшти дека нема надлежност да оцени дали изборот на нов претседател е итен. Претседателот на собраниската комисија, Ѓорѓија Сајкоски, потврди дека нема да има автентично толкување на Изборниот законик и дека изборот ќе се одложи.
Во комисијата за селекција членуваат:
-
Илбер Руфати, заменик народен правобранител
-
Дарко Аврамовски, член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
-
Балдри Јашари, член на истиот совет
-
Бојан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ)
-
Саранда Имери-Стафаи (коалиција „Вреди“)
-
Митко Трајчулески (СДСМ)
-
Арбана Пашоли (ДУИ)


