БЕЗ ПОТПИСИ ДО ВЛАСТ – Нова изборна иновација од Кондарко

Неизвесноста настана по одлуката на Уставниот суд со која беа укинати членовите 61 и 62 од Изборниот законик, што го правеше нејасно прашањето - дали независните кандидати воопшто треба да собираат потписи.

БЕЗ ПОТПИСИ ДО ВЛАСТ – Нова изборна иновација од Кондарко
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски побара Државната изборна комисија (ДИК) да усвои нов Правилник со јасни правила за собирање потписи за независни кандидати. Реакцијата доаѓа откако ДИК, по распишувањето на локалните избори за 19 октомври, го укина стариот правилник, оставајќи можност независните да се кандидираат без потписи.

Мицкоски истакна дека измените на Изборниот законик се блокирани во Собранието од една опозициска партија со, како што рече, „неприфатливи барања“. Според него, ДИК има законски основ да донесе нов правилник и така да ја реши ситуацијата.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека ако Собранието не усвои измени пред почетокот на рокот за собирање потписи, Комисијата ќе издаде упатство за кандидирање без потписи, применувајќи го член 60 од Изборниот законик. Тој нагласи дека Законот не утврдува број на потписи, што создава празнина во прописите.

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ вели дека институциите со нејасни ставови создаваат правна несигурност и им одат во прилог на големите партии. Тие најавуваат продолжување на собирањето потписи за регистрација на политичка платформа за да избегнат ризици.

Неизвесноста настана по одлуката на Уставниот суд со која беа укинати членовите 61 и 62 од Изборниот законик, што го правеше нејасно прашањето – дали независните кандидати воопшто треба да собираат потписи.

CATEGORIES
TAGS
Share This