ЗЕЛЕНСКИ СО НАЈСИЛНА ПОРАКА ДОСЕГА Ова е нашата земја, Нема шанси да дадеме територии
Во пораката до граѓаните, украинскиот лидер им се заблагодари на војниците и на нацијата за единството и отпорот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина нема да го прекрши својот Устав и нема да отстапи ниту дел од својата територија на окупаторите.
„Секое решение без Украина е решение против мирот“, изјави тој по најавата за средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин на 15 август во Алјаска.
Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за реални решенија што носат траен мир, но одговорноста за крајот на војната е на Русија, која, според него, ја започнала и продолжува да ја одолговлекува. Тој потсети дека територијалниот интегритет на земјата е загарантиран со Устав.
Во пораката до граѓаните, украинскиот лидер им се заблагодари на војниците и на нацијата за единството и отпорот.
„Ова е нашата земја, ние сме Украина. Слава на Украина!“, порача Зеленски, оценувајќи дека Путин ја направил својата најголема грешка потценувајќи го украинскиот народ.


