ИЗРАЕЛ НЕ ЗАСТАНУВА – Наредена целосна окупација на Појасот Газа

ИЗРАЕЛ НЕ ЗАСТАНУВА – Наредена целосна окупација на Појасот Газа

Израелскиот кабинет за безбедност синоќа го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за целосен „пораз“ на Хамас во Појасот Газа, соопшти кабинетот на премиерот.

Планот предвидува израелската армија да ја преземе контролата врз градот Газа, додека во исто време ќе се дистрибуира хуманитарна помош за цивилното население надвор од зоните на борбени дејствија.

Во соопштението се наведува дека кабинетот со мнозинство гласови усвоил пет клучни принципи за завршување на војната: разоружување на Хамас, враќање на сите заложници – живи и мртви, демилитаризација на Појасот Газа, воспоставување израелска безбедносна контрола врз територијата и формирање алтернативна цивилна администрација која нема да биде ниту Хамас ниту Палестинската самоуправа.

„Огромното мнозинство министри, исто така, оценија дека алтернативниот план, доставен на разгледување, нема да доведе ниту до пораз на Хамас ниту до враќање на заложниците“, се додава во изјавата на кабинетот на премиерот, без да се откриваат дополнителни детали.

CATEGORIES
Share This