УШТЕ ЕДНА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦАРИНИТЕ ЗА ЈАПОНИЈА – САД ќе ја коригираат наредбата на Трамп

УШТЕ ЕДНА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦАРИНИТЕ ЗА ЈАПОНИЈА – САД ќе ја коригираат наредбата на Трамп

Соединетите Американски Држави се согласија да ја изменат извршната наредба на претседателот Доналд Трамп со која погрешно бил применет неодамна постигнатиот трговски договор со Јапонија, изјави главниот јапонски преговарач Рјосеи Аказава.

По средбите во Вашингтон со американскиот секретар за трговија Хауард Лутник и секретарот за финансии Скот Бесант, Аказава соопшти дека САД изразиле „жалење“ за грешката и ветиле целосен поврат на неправилно наплатените износи, пренесе „Кјодо“.

Наредбата на Трамп воведе царина од 15% за увоз од Јапонија без посебен третман, иако договорот од 22 јули предвидуваше дека стапката нема да се зголемува, а даноците за други стоки ќе останат ограничени на 15%. Спогодбата, исто така, вклучуваше намалување на американските царини за автомобили и автоделови од Јапонија – од 27,5% на 15% – во замена за значителни јапонски инвестиции во САД.

Иако не е познат точниот датум кога ќе стапи на сила пониската стапка, јапонската влада очекува издавање посебна претседателска наредба паралелно со корекцијата на директивата за реципрочни тарифи.

Јапонските претставници нагласуваат дека нема несогласувања околу толкувањето на договорот, но дека неговото целосно спроведување е од клучно значење за јапонските извозници и американските увозници.

Европската унија, пак, неколку дена по Јапонија склучи сличен трговски договор со САД, со идентичен тарифен „плафон“ од 15%.

CATEGORIES
Share This