ВМРО-ДПМНЕ: ГЛАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ КОЦЕВСКИ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА – Секој поминат ден на позицијата му измеќарува на СДС

Да имаше главниот обвинител Коцевски грам морал, тој немаше да чека СДС да го брани и ќе си поднесеше сам оставка.

ВМРО-ДПМНЕ: ГЛАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ КОЦЕВСКИ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА – Секој поминат ден на позицијата му измеќарува на СДС
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Одамна главниот обвинител Коцевски нема кредибилитет во очите на народот, а сега кога СДС јавно застана да го брани во Собрание, му го уништи и тој кредибилитет што некогаш го имал.

СДС го разголи главниот обвинител Коцевски. Совршено е јасно чии насоки до сега извршувал, и зошто постапките против функционери на СДС се таму каде што се.

Главниот обвинител Коцевски очигледно е целосно препуштен во прегратките на СДС, и таквиот однос, не само што не му пречеше, туку и го зема како последна сламка за спас.

Да имаше главниот обвинител Коцевски грам морал, тој немаше да чека СДС да го брани и ќе си поднесеше сам оставка.

Игнорирањето на мизерните 2% доверба од народот и интерпелацијата во Собрание, е јасен показател дека главниот обвинител Коцевски има друг приоритети, а тоа е да служи како гума за спасување на дел од функционерите од СДС блиски до Филипче и Заев од кривична одговорност за криминалите кои ги правеле.

Доблест не може да се очекува од Коцевски, само чисто калкулантство и политичко профитерство.

CATEGORIES
Share This