БАЏАНАКОТ НА МИЈАЛКОВ ЌЕ ОСТАНЕ СУДИЈА ВО СТРАЗБУР – Владата засега молчи околу изборот на нов македонски судија

БАЏАНАКОТ НА МИЈАЛКОВ ЌЕ ОСТАНЕ СУДИЈА ВО СТРАЗБУР – Владата засега молчи околу изборот на нов македонски судија

Ако Владата не испрати нови кандидати за судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, функцијата ќе ја продолжи да ја врши актуелниот судија Јован Илиевски, иако неговиот 9-годишен мандат истекува на 1 февруари 2026 година.

Според правилата на ЕСЧП, доколку не биде назначен нов судија, функцијата продолжува да ја извршува досегашниот, сѐ додека не се избере замена. Ако тој одбие, се назначува ад хок судија од друга земја.

Илиевски е поранешен шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во времето на Никола Груевски и баџанак на тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Во неговиот мандат не беше покрената ниту една истрага за корупција против тогашната власт, што доведе до формирање на Специјалното јавно обвинителство.

Во март 2025, Министерството за надворешни работи објави оглас за избор на тројца кандидати и притоа беза избрани Ленче Ристоска, јавна обвинителка, Габриела Гајдова, апелационен судија и Јордан Апостолски, адвокат, но нивниот избор Владата го поништи за што веќе пишуваше Национал.

Ристоска и Гајдова јавно реагираа дека не се информирани зошто не се прифатени, ниту добиле образложение. Ристоска на 31 јули објави дека била под притисок да ја повлече кандидатурата, и дека паралелно се водела клеветничка кампања против неа за што пишуваше Национал.

Иако Владата формира нова комисија, таа сѐ уште не распишала нов јавен повик. Членови на оваа комисија се:

  • Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд

  • Африм Фидани, претседател на Врховниот суд

  • Бесник Авдија, претседател на Основниот граѓански суд

  • Даниела Димовска, в.д. претседателка на Кривичниот суд

  • Ирина Трајковска-Стрезоски, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители

Некои од нив имаат политички и институционални контроверзии, а изборите за нивни функции се оспорувани или судски предмети.

CATEGORIES
TAGS
Share This