ПАТРИК ШИК ОСТАНУВА ВО БАЕР Го продолжи договорот до 2030 година

Чешкиот напаѓач Патрик Шик го продолжи договорот со Баер Леверкузен и останува дел од германскиот шампион до 2030 година, објави клубот преку своите официјални канали на социјалните мрежи.
„Многу сум благодарен што покажавте доверба во мене со ова продолжување на договорот и што ми ја доверивте оваа одговорност. Не сакам никого да разочарам, туку сакам да ви ја вратам довербата со моите настапи на теренот“, изјави Шик.
29-годишниот голгетер пристигна во Леверкузен во 2020 година од италијанската Рома, и досега има одиграно 168 натпревари и постигнато 81 гол за клубот. Минатата сезона беше дел од историскиот успех на Баер, со кој ги освои Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија.
„Ми се допаѓа фокусот на иднината. Баер работи напорно за да изгради врвен тим за годините што доаѓаат. Цврсто верувам дека ќе продолжиме да играме важна улога и во Бундеслигата и на европската сцена“, додаде Шик, изразувајќи оптимизам за следниот период во црвено-црниот дрес.


