ЕВН СО ИЗВЕСТУВАЊЕ Без струја неколку делови од Скопје

ЕВН СО ИЗВЕСТУВАЊЕ Без струја неколку делови од Скопје

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати на електроенергетската мрежа, денеска (вторник) делови од неколку скопски општини ќе останат без електрична енергија во различни термини.

Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците од дел од селото Долно Соње во општина Сопиште.

Од 08:00 до 15:00 часот, струја ќе нема и во објектите во околината на ресторанот „Братски Мерак“, во општина Кисела Вода.

Во општина Сарај, од 08:15 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од селото Крушопек.

Прекин на струја е најавен и за дел од корисниците во селата Кучково и Никиштани (општина Ѓорче Петров) во периодот од 09:00 до 12:30 часот.

Од ЕВН апелираат до граѓаните за разбирање и најавуваат дека снабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршување на работите.

CATEGORIES
Share This