HBO ОФИЦИЈАЛНО ЈА ОТКАЖУВА СЕРИЈАТА „И ЕДНОСТАВНО ТАКА“ – Сара Џесика Паркер се прости од Кери Бредшо

Веста ја потврди главната актерка и продуцентка Сара Џесика Паркер преку емотивна објава на Инстаграм, во која се прости од својот лик Кери Бредшо.

HBO ОФИЦИЈАЛНО ЈА ОТКАЖУВА СЕРИЈАТА „И ЕДНОСТАВНО ТАКА“ – Сара Џесика Паркер се прости од Кери Бредшо

По три сезони, HBO ја откажа серијата „И едноставно така“, продолжение на култната „Сексот и градот“. Веста ја потврди главната актерка и продуцентка Сара Џесика Паркер преку емотивна објава на Инстаграм, во која се прости од својот лик Кери Бредшо.

Паркер изрази благодарност до сите што работеа на серијата и до гледачите кои ја сакаа и навиваа за Кери цели 27 години. „Кери Бредшо доминираше во мојот професионален живот и беше мој најважен сопатник“, напиша актерката, потврдувајќи дека „ова поглавје е завршено“.

Заедно со креаторот Мајкл Патрик Кинг, Паркер одлучила дека нема да има нова сезона. Серијата, иако балансираше носталгија со современи теми, доби мешани критики од публиката и критичарите, но имаше солидна гледаност.

„И едноставно така“ ги обедини Кери, Миранда и Шарлот, додека Саманта (Ким Катрал) се појави само во кратка сцена. Оригиналната серија „Сексот и градот“ останува еден од најголемите хитови на HBO со 6 сезони и два филма.

По 26 години од почетокот на сè, приказната за Кери и нејзините пријателки засега добива крај.

CATEGORIES
Share This