„МАКЕДОКС“ СО ПАТУВАЧКО КИНО НИЗ МАКЕДОНИЈА: филмови, приказни и грижа за реалноста
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ годинава ќе се одржи по 16. пат, од 21 до 28 август во Скопје, под мотото „Кому му е гајле за реалноста“.

Во пресрет на фестивалот, патувачкото кино ги посети Кочани и Смилево, носејќи документарни филмови, разговори и пораки за грижа, обѕирност и човечност.
Во Кочани, тимот на „МакеДокс“ организираше проекции на отворено, среде оризовите полиња и Зелените пазари, симболизирајќи ја поврзаноста меѓу луѓето и природата. Беше посетен и Споменикот на слободата на Лакобија, како потсетник на истрајноста и заедништвото.
Проекција беше одржана и во Смилево, во рамки на Фестивалот на алтернативна фотографија „Зрно“. Организаторите велат дека во време на медиумска бука и конфузија, ваквите настани нудат простор за разбирање, сочувство и поттик за позитивни промени.
Патувачкото кино е поддржано од Агенцијата за филм, а реализирано во соработка со локални партнери. Главната фестивалска програма следува во Скопје со филмови, работилници и дискусии.


