СИНОТ НА НЕТАНЈАХУ ГО НАВРЕДИ КАТАРСКИОТ ЕМИР И НЕГОВАТА МАЈКА, ги нарече „современ Хитлер и Гебелс“
На платформата X, тој обвини дека Катар е главниот двигател на глобалниот антисемитизам и дека со години ја оцрнува еврејската држава преку медиумско и политичко влијание.

Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, остро го нападна Катар, нарекувајќи го „модерна нацистичка Германија“, а неговите лидери – „современ Хитлер и Гебелс“.
На платформата X, тој обвини дека Катар е главниот двигател на глобалниот антисемитизам и дека со години ја оцрнува еврејската држава преку медиумско и политичко влијание.
Изјавата доаѓа во услови на застој во разговорите за размена на заложници во Газа, каде Катар посредува. Иако некои американски претставници, како државниот секретар Марко Рубио, го пофалија ангажманот на Катар, критичарите укажуваат на неговите врски со Хамас и финансирањето на Газа.
Паралелно, неколку соработници на премиерот Нетанјаху се под истрага поради наводна работа за интереси на земја од Персискиот Залив.


