„ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ СО ВТОРО ПРИЗНАНИЕ, најдобра анимација на изданието во Италија

Ова е второ меѓународно признание за филмот, по наградата од фестивалот „Портовјехо“ во Еквадор.

„ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ СО ВТОРО ПРИЗНАНИЕ, најдобра анимација на изданието во Италија

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, ја освои наградата за најдобра анимација на „Ариано интернешенел филм фестивал“ во Италија.

Жирито го пофали филмот за неговата креативност, визуелна магија и способност да ја истражува вселената преку уникатен стил и фантастични ликови. Ова е второ меѓународно признание за филмот, по наградата од фестивалот „Портовјехо“ во Еквадор.

„Особено ме радува што филмот е ценет и надвор од анимациските фестивали. Македонската анимација сè повеќе се наметнува на европската и светската сцена,“ изјави режисерот Цветановски.

Филмот е создаден по негово сценарио, со уметничка режија на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а гласовите ги позајмуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.

CATEGORIES
Share This