ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС – Претпладне сончево, попладне нестабилно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС – Претпладне сончево, попладне нестабилно

Во текот на денешниот ден ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност во одредени региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови можни се краткотрајни локални поројни дождови придружени со грмежи. Температурите ќе се движат од минимални 11 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 28 и 36 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Се очекува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде околу 16 степени, а максималната до 35 степени Целзиусови.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува слични временски услови и за утре. Сончево и топло време со локална облачност и можност за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи во попладневните часови.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник нестабилноста ќе се зголеми на повеќе локации низ државата, проследена со пороен дожд и грмежи. На места е можно невреме со засилен ветер и град. Во вторник нестабилното време продолжува, но во помала мера, додека од среда се очекува постепено стабилизирање и подобрување на временските услови.

CATEGORIES
Share This