СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО ЗЕМЈАТА Времен режим и зголемен сообраќај поради летниот период

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА ВО ЗЕМЈАТА Времен режим и зголемен сообраќај поради летниот период

АМСМ информира дека на ден 2 август 2025 година, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сепак, поради летната сезона и годишните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, особено на патиштата надвор од градските средини и на граничните премини.

На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 45 минути, додека на преминот Богородица чекањето за влез и излез е околу 30 минути. На другите гранични премини нема подолги задржувања.

Во однос на измените во сообраќајниот режим, од 4 август до 16 септември 2025 година, ќе има привремена измена на режимот на движење на експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, поради изградба на нова патна делница во рамки на проектот „Коридор 10д“. Сообраќајот ќе биде пренасочуван со соодветна сигнализација.

Дополнително, од 3 август во 07:00 часот до 6 август ќе биде целосно затворен за сообраќај дел од обиколницата на Прилеп, на патниот правец Градско – Прилеп, поради градежни работи на вијадуктот кај Сарички дол. Заобиколувањето ќе се одвива низ градот Прилеп.

АМСМ ги повикува возачите на внимателно управување со возилата и почитување на поставената сигнализација, особено на делниците со зголемен ризик од одрони, како што се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетување и за забраната за движење на тешки товарни возила над 15 тони која е на сила од 1 јули до 31 август. Забраната важи за викендите – петок (17:00 – 22:00), сабота (09:00 – 18:00) и недела (09:00 – 22:00). Во денови со екстремно високи температури, определени од Министерството за здравство, забраната се проширува и на работните денови од понеделник до четврток, во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не важи за возила кои превезуваат леснорасиплива стока, животни, нафта, хуманитарна помош и други стратешки материјали или учествуваат во проекти на државните патишта.

CATEGORIES
Share This