МИЦКОСКИ: МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ ВО ГРУПАТА СО ЕУ. НОРВЕШКА И ИЗРАЕЛ – следува ново намалување на трговските маржи
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од најновата корекција на трговските маржи од страна на САД, со која Македонија од досегашните 33% е ставена на 15%.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од најновата корекција на трговските маржи од страна на САД, со која Македонија од досегашните 33% е ставена на 15%. Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека ова е само прва фаза и најави продолжување на преговорите по летната пауза.
„Ова не е финален договор, туку прва фаза. Преговорите ќе продолжат веднаш по годишните одмори, во втората половина на август, и очекувам дополнително намалување на трговските маржи,“ рече Мицкоски.
Тој нагласи дека Македонија сега е изедначена со економски посилни партнери:
„Сме во иста група со ЕУ, Норвешка и Израел, а зад нас се Србија со 35%, БиХ со 30% и Швајцарија со 39%. Сакам да се заблагодарам на САД за оваа корекција.“
Премиерот објасни дека новите трговски услови, кои американскиот претседател Доналд Трамп ги најави преку соопштение од својот Кабинет, ќе стапат на сила до 1 август, иако сè уште не се официјализирани како договор. Според него, оваа одлука е резултат на интензивни дипломатски и економски напори.
Мицкоски изрази оптимизам дека до крајот на преговорите Македонија ќе добие уште поповолни услови за трговија со САД.


