ПОЕТСКО-МУЗИЧКА ВЕЧЕР ВО БЕРОВО, перформанс со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски

ПОЕТСКО-МУЗИЧКА ВЕЧЕР ВО БЕРОВО, перформанс со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски

Вечерва со почеток од 20 часот во Сити паб, љубителите на поезијата и музиката ќе имаат можност да уживаат во уникатен поетско-музички перформанс со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски.

Настанот ќе понуди рецитал на антологиски стихови од големите имиња на македонската поезија – Блаже Конески, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски и Ристо Павловски – проследени со изведби на најубавите љубовни песни од македонските музички фестивали.

Покрај уметничкиот настап, присутните ќе имаат можност да се запознаат и со најновите книги на двајцата автори – „Јазик за двајца“ од Јанчовски и „Пеколот е мало место“ од Николов.

Настанот најавува вечер исполнета со емоции, книжевна убавина и музичка носталгија.

CATEGORIES
Share This