ДОЖД, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Температурите ќе достигнат до 17 степени

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд најавуваат метеоролозите. На повисоките планини се очекува слаб снег, додека долж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер.

ДОЖД, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Температурите ќе достигнат до 17 степени
Фото: Национал

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На некои од повисоките планини, поради пониските температури, дождот ќе преминува во слаб снег.

Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 17 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој во одделни делови од Скопската Котлина повремено ќе добива на интензитет.

CATEGORIES
Share This