ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ – Посвежо со засилен ветер
Ќе дува слаб до умерен западен, а долж Повардарието северен ветер, кој попладне наместа ќе засилува.

Фото: Национал
Денеска (29.07.) ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме и максимална температура до 35 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен западен, а долж Повардарието северен ветер, кој попладне наместа ќе засилува.
Во Скопје, променливо облачно, во претпладневните часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
CATEGORIES Македонија


