РОДРИГО НА ИЗЛЕЗНА ВРАТА ОД РЕАЛ Бразилецот ја одбил понудата на Тотенхем, чека повик од Ливерпул

РОДРИГО НА ИЗЛЕЗНА ВРАТА ОД РЕАЛ Бразилецот ја одбил понудата на Тотенхем, чека повик од Ливерпул

Фактот што Родриго не доби ниту една минута на теренот на Светското клупско првенство, каде сите натпревари ги помина на клупата, испрати силна порака од новиот тренер Чаби Алонсо – Бразилецот повеќе не е дел од неговите планови.

Раководството на Реал Мадрид веќе му соопштило на 23-годишниот офанзивец дека треба да ја напушти екипата во текот на летниот преоден рок. Клубот поставил висока цена – 100 милиони евра – но самиот Родриго нема намера да прифати трансфер во било кој клуб. Тој бара амбициозна средина каде ќе се бори за трофеи.

Таквиот став го почувствува Тотенхем, кој прв стапил во контакт со Реал со сериозна понуда. Лондонскиот клуб дури побарал дозвола да разговара директно со играчот, надевајќи се дека токму тој ќе биде новата ѕвезда на тимот. Но, наидоа на јасна и недвосмислена одбивка – Родриго им соопштил дека не е заинтересиран.

Според неофицијални информации од Мадрид, Родриго има една главна желба – трансфер во Ливерпул. Сепак, преминувањето на „Енфилд“ е под знак прашалник, бидејќи „црвените“ веќе го ангажираа Иго Екитике, а наскоро се очекува да го комплетираат и трансферот на Александер Исак.

Судбината на Родриго останува неизвесна, но едно е сигурно – тој нема да остане во Мадрид ако не добие улога што одговара на неговиот квалитет и амбиции.

CATEGORIES
Share This