ДОНАРУМА НА ИЗЛЕЗНА ВРАТА ОД ПСЖ – Премиерлигаши во трка по италијанскиот голман

олманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума, би можел наскоро да го напушти францускиот шампион, пренесува „Ле Паризиен“. Според информациите, преговорите меѓу клубот и 26-годишниот Италијанец за продолжување на договорот се заглавени и засега не водат кон позитивен исход.
Оваа ситуација го разбудила интересот на неколку премиерлигашки гиганти. Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Челзи внимателно ја следат состојбата и би можеле да влезат во трка за потписот на поранешниот голман на Милан.
Како потенцијална замена, раководството на ПСЖ веќе го разгледува ангажманот на Лук Шевалие од Лил.
Во сезоната 2024/25, Донарума забележа 47 настапи во сите натпреварувања, примајќи 43 голови и остварувајќи 17 меча без примен погодок. И покрај стабилните бројки, неизвесноста околу неговата иднина станува сè поголема, а исходот од ситуацијата се очекува наскоро.


