ВОДОВОД ИЗВЕСТУВА Прекин во водоснабдувањето на две локации во Скопје

Корисниците на улица „Пиринска“ број 52 во општина Центар денеска од 9 часот ќе останат без вода поради замена на вентил на шахта, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинатото водоснабдување ќе трае сè до завршување на техничките активности на терен.
Дополнително, поради уличен дефект со цевка со пречник од 80 милиметри на крстосницата меѓу улиците Тајмишка и Зеничка во населбата Железара, без вода од 8 часот ќе бидат и жителите на тие улици. И овој прекин ќе трае до целосна санација на дефектот.
Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање и најавуваат брза и ефикасна интервенција со цел нормализирање на водоснабдувањето во најкус можен рок.
CATEGORIES Македонија


