СПОМЕНИКОТ НА АНДОН ЌОСЕТО ПОВТОРНО ПОСТАВЕН – Историјата не се брише

Споменикот на Ќосето беше првиот што беше отстранет од проектот „Скопје 2014“ во 2018 година - токму како што беше и поставен: во доцните часови од ноќта.

СПОМЕНИКОТ НА АНДОН ЌОСЕТО ПОВТОРНО ПОСТАВЕН – Историјата не се брише
Фото: Национал

Во текот на ноќта, на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје, повторно беше поставен споменикот на Андон Лазов Ќосето. Овој споменик, кој пред шест години беше отстранет од пред зградата на Врховниот суд од страна на тогашната градска власт предводена од Петре Шилегов, сега се враќа на нова локација.

Одлуката за негово враќање беше донесена од Советот на Град Скопје во декември 2023 година, а уште во првите месеци од својот мандат, актуелната градоначалничка Данела Арсовска најави дека споменикот на Ќосето ќе биде повторно поставен.

„Со поставувањето на спомен-обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија. Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава,“ соопштија од Град Скопје.

Споменикот на Ќосето беше првиот што беше отстранет од проектот „Скопје 2014“ во 2018 година – токму како што беше и поставен: во доцните часови од ноќта.

CATEGORIES
TAGS
Share This