ЗГОЛЕМЕН СОБРАЌАЈ НА ГРАНИЦИТЕ Табaновце и Пелинце со 45 минути чекање, воведен летен режим за товарни возила

ЗГОЛЕМЕН СОБРАЌАЈ НА ГРАНИЦИТЕ Табaновце и Пелинце со 45 минути чекање, воведен летен режим за товарни возила

Зголемениот број патувања за време на летните одмори придонесе за зголемена фреквенција на сообраќај на граничните премини Табановце и Пелинце, каде времето на чекање достигнува околу 45 минути, информира Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини во земјава не се бележат поголеми задржувања.

АМСМ упати апел до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат со зголемено внимание, особено на делниците низ котлини, клисури и речни долини каде постои ризик од одрони. Како особено ризични се наведуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август стапи на сила летен временски режим на сообраќај на државните патишта, со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на викендите и денови со екстремно високи температури. Забраната важи во следниве термини: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Дополнително, во денови кога Министерството за здравство прогласува екстремно високи температури, забраната се проширува и од понеделник до четврток, во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Ова ограничување не се однесува на возила кои превезуваат животни, храна што лесно се расипува, цвеќе, жито, горива, хуманитарна помош, опасни материјали, како и возила вклучени во проекти на Јавното претпријатие за државни патишта.

CATEGORIES
Share This