ПОДОБРО ПОДОЦНА ОТКОЛКУ НИКОГАШ – По две години, Собранието конечно го усвои нашиот предлог за пензиите
Исто така Бачев изразува уверување дека и останатите петнаесетина предлози на Единствена Македонија доставувани низ годините во форма на предлог зкаони во Собранието ќе бидат усвоени.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на својот фејсбук профил објави интересна информација дека преминувањето од процентуално на линеарно зголемување на пензиите што вчера беше усвоено во Собранието на Република Македонија е всушност предлог-закон на Единствена Македонија поднесен во Собранието пред околу две години.
Исто така Бачев изразува уверување дека и останатите петнаесетина предлози на Единствена Македонија од различни области доставувани низ годините во Собранието во форма на предлог закони ќе бидат усвоени.
„Порано или подоцна нашите предлози се прифаќаат. Вчера усвоен нашиот закон за линеарно зголемување на пензиите што го поднесовме во Собранието на 15 ноември 2023 година. Ова е веќе петнаесетина работа од различни области (политика, економија, социјала, безбедност) што во изминатите 20 години со задоцнување сепак се прифаќа. Се разбира, не се лутиме бидејќи подобро е да се прифаќаат добри предлози отколку да се спроведуваат лоши идеи“ – напиша Бачев на фејсбук.





