ВНИМАВАЈТЕ СО УЛТРАПРЕРАБОТЕНАТА ХРАНА Го зголемува ризикот од анксиозност, дебелина и рана смрт

Консумацијата на „ултрапреработена“ храна е силно поврзана со зголемена опасност од повеќе од 70 различни неповолни здравствени состојби, покажува нова сеопфатна анализа објавена во реномираното медицинско списание The BMJ. Истражувањето опфаќа 45 мета-анализи со вкупно речиси 10 милиони учесници.
„Откривме постојани и силни докази дека повисоката потрошувачка на ултраобработена храна е поврзана со зголемен ризик од сериозни здравствени исходи“, вели Волфганг Маркс од Универзитетот „Дикин“ во Австралија. Најзагрижувачки се поврзаноста со зголемен ризик од анксиозност до 53%, како и пораст на веројатноста за рана смрт за 20%.
Според Светската здравствена организација, ултраобработената храна треба да се ограничи на максимум 10% од вкупниот дневен внес, бидејќи содржи високи нивоа на калории, шеќер, сол, а е сиромашна со растителни влакна.
Професорката Фанг Фанг Јанг од Универзитетот „Тафтс“ истакнува дека ваквите намирници директно придонесуваат за зголемена телесна тежина, дијабетес тип 2 и хипертензија, а индиректно влијаат и врз менталното здравје.


