ВАЊА МИЛЕНКОВИЌ – САВИЌ СЕ СЕЛИ ВО НАПОЛИ – Трансфер вреден 21 милион евра

ВАЊА МИЛЕНКОВИЌ – САВИЌ СЕ СЕЛИ ВО НАПОЛИ – Трансфер вреден 21 милион евра

Српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ наскоро ќе стане нов член на Наполи, откако ги прифати условите понудени од италијанскиот шампион, објави реномираниот спортски новинар Фабрицио Романо.

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, инсистирал на негов ангажман уште од самиот почеток на летниот преоден рок, а управата на клубот од Неапол на крајот му ја исполни желбата.

Трансферот ќе чини 21 милион евра, сума што Наполи ќе му ја исплати на Торино во рок од четири години. Ова претставува значајна инвестиција за Наполи, кој со Милинковиќ-Савиќ добива сигурен и искусен чувар на мрежата.

CATEGORIES
Share This