ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО БЕЛГРАД НАГЛО ПОРАСНАА – Драстичен скок и до 167%
Најниската цена во старите згради достигна 1.067 евра по квадрат – што е скок од 167% во однос на лани (400 евра). Кај новоградбите, минималната цена се зголеми од 600 на 1.100 евра, односно 83%.

Цените на становите во Белград забележаа драстичен раст во првиот квартал од 2025 година, особено кај минималната цена по квадратен метар, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод (РГЗ), пренесува B92.net.
Најниската цена во старите згради достигна 1.067 евра по квадрат – што е скок од 167% во однос на лани (400 евра). Кај новоградбите, минималната цена се зголеми од 600 на 1.100 евра, односно 83%.
Растот е забележан и на квартално ниво: во однос на крајот на 2024 година, минималната цена во старите згради пораснала за 52%, а во новите за 26%.
Просечните цени растат поспоро – во старите згради достигнаа 2.513 евра (раст од 18%), а во новите 2.472 евра (раст од 3%).
Во сите општини минималните цени сега се над 1.000 евра. Најголем скок има во Палилула (од 800 на 1.992 евра), а значителни порастови се забележани и во Стари Град, Врачар, Земун, Звездара и Чукарица. Савски Венац, пак, бележи поблаг пораст, што може да укажува на заситеност на пазарот.
Експертите предупредуваат дека ваквите цени ја намалуваат достапноста на станови за просечните граѓани.


