АВТОМОБИЛОТ МОРА ДА БИДЕ ВО БЕЛА БОЈА Во спротивно ќе бидете исклучен од сообраќај

АВТОМОБИЛОТ МОРА ДА БИДЕ ВО БЕЛА БОЈА Во спротивно ќе бидете исклучен од сообраќај

Постојат секакви правила поврзани со сообраќајот и автомобилите, но едно од најспецифичните и најчудните ни доаѓа од Туркменистан. Во оваа земја автомобилите мора да бидат само во една боја – бела.

Ова правило во оваа земја се спроведува уште од 2015 година, а според истото, доколку автомобилот биде поразлична боја од белата се исклучува од сообраќај.

Логично објаснување за оваа одлука нема. Се претпоставува дека таа е директно иницирана од Бердимухамедов, претседателот на земјата, кој важи за многу самоуверен човек, а со белата боја верува дека ќе донесе среќа и ќе ги намали сообраќајните незгоди.

Дека ова е така може да се види и на најголемиот сајт за препродажба на половни автомобили во Туркменистан, autoturkmen.

CATEGORIES
Share This