СОБРАНИЕТО СО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГАШИ Состојбата е стабилна

СОБРАНИЕТО СО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГАШИ Состојбата е стабилна

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е во стабилна здравствена состојба откако синоќа бил примен на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија поради преплет на цревата, информира собраниската прес-служба.

Во моментот се вршат детални лекарски прегледи, а од Собранието посочуваат дека сите понатамошни информации ќе бидат навремено соопштени од надлежните институции. Засега нема официјални информации дали се планирани промени во тековните активности на претседателот на законодавниот дом.

Само неколку часа пред хоспитализацијата, Африм Гаши престојуваше во Тетово, каде што во рамки на својата практика за посети на општините се сретна со тетовскиот градоначалник и коалициски партнер од ВЛЕН, Билал Касами.

CATEGORIES
Share This