ЗАПЛЕНЕТО НАД 1 ТОН МЕСО Инспекциите во Романија продолжуваат

Над 300 инспекции биле извршени во јуни кај економски оператори низ Романија, од фармите до маркетите, со цел да се утврди усогласеноста со стандардите за хигиена, следливост и етикетирање на прехранбените производи.
Контролите откриле бројни прекршувања: неадекватни санитарни услови, недостаток на редовни здравствени проверки, неправилно етикетирање, слаба контрола на температурата во ладилници, и несоодветно ракување со храна. Дирекцијата за инспекција изрекла шест парични казни во вкупен износ од 33.600 леи (приближно 7 илјади евра), како и 23 предупредувања.
Дополнително, земени се повеќе од 380 примероци од различни видови храна за анализа и проверка на усогласеност со законските прописи.
Истовремено, загриженост предизвикува и потврдата за појава на африканска свинска чума на две фарми во областа Бокша, во југозападниот дел на земјата. Како одговор, локалниот центар за контрола на болести воспостави зона за надзор во радиус од 10 километри, што ги опфаќа и блиските ловишта.
Иако не е опасна за луѓето, африканската свинска чума предизвикува сериозни штети во сточарското производство, потенцираат романските медиуми.


